Вести Свет

Генерален секретар на ОН: Војната е бесмислена, мора да престане

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го посети Украинскиот центар за бегалци за време на посетата на Молдавија. Во изјавата за новинарите по посетата, Гутереш повика на прекин на војната, рече неговиот портпарол.

„Невозможно е да се сретнете со бегалци и да не бидете длабоко допрени од нивните приказни“, рече Гутереш. Трагедијата покажува дека „војната е бесмислена работа и дека оваа војна мора да се прекине“, рече тој, мислејќи на руската инвазија на Украина.

Гутереш го посети и домот на едно молдавско семејство кое прими бегалци и им се заблагодари за нивната дарежливост.

Шефот на ОН, исто така, се состана со молдавскиот претседател Маи Санду, изразувајќи благодарност за огромната великодушност и солидарност што ја покажаа молдавската влада и народ кон оние што бегаат од војната во Украина, рече портпаролот Фархан Хак.

Гутереш, исто така, ја пофали Молдавија дека примила најмногу украински бегалци во однос на сопственото население, рече портпаролот на ОН.

Молдавија, земја со околу 2,5 милиони жители, од почетокот на војната примила повеќе од 450.000 украински бегалци.

По посетата на Молдавија, Гутереш отпатува за Виена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Откако се скарале татко без дозвола и го зел 10 месечното бебе на сопругата и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање во Гостивар – наредната недела се очекува техничка вода

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе