Вести Свет

Вашингтон Пост“ и „Ројтерс“ меѓу добитниците на Пулицерова награда

„Вашингтон пост“ доби Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол, додека Ројтерс победи во категоријата фото-репортажа за известување за пандемијата на коронавирус во Индија.

Украински новинари добија специјално признание за покривање на руската инвазија, соопшти менаџерката на Пулицеровата награда Марџори Милер.

Според неа, овогодишната награда за известување од јавен интерес е доделена на „Вашингтон пост“ за убедливо раскажан и сликовито прикажан приказ на нападот врз Вашингтон на 6 јануари 2021 година, кој на јавноста и овозможи „целосно и непоколебливо да го сфати еден од најмрачните денови во државата.“

Во однос на фотографија, тим фотографи на Ројтерс ја доби Пулицеровата награда за придружна фотографија за покривање на пандемијата на коронавирусот во Индија.

„Мајами Хералд“ освои награда за ударна вест за известувањето за уривањето на висококатница во Њујорк при што загинаа 98 лица.

„Њујорк тајмс“ освои три Пулицерови награди за известување, додека неговата репортерка Андреа Елиот освои Пулицерова награда во општа нефикција категорија за нејзината книга „Невидливо дете: сиромаштија, преживување и надеж во американскиот град“, која ја почна со серија написи во 2013 објавени од весникот.

Пулицеровите награди ги доделува Универзитетот Колумбија од Њујорк, а секој добитник добива диплома и награда од 10.000 американски долари.

Наградата ја востанови Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по неговата смрт во 1911 година, сиот свој имот го остави на Универзитетот Колумбија.

Првата Пулицерова награда е доделена на 4 јуни 1917 година и оттогаш традиционално се доделува секој април.

Победниците ги избира независна комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Откако се скарале татко без дозвола и го зел 10 месечното бебе на сопругата и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање во Гостивар – наредната недела се очекува техничка вода

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе