Вести Свет

Украина од утре ќе го запре транзитот на рускиот гас преку станицата „Сохрановка“

Операторот на гасниот транспортен систем на Украина од утре ќе го запре транзитот на гас кон Европа преку гасната станица „Сохрановка“, која се наоѓа во регионот Луганск.

Украина продолжи да биде главната транзитна рута за испораката на рускиот гас кон Европа, дури и откако Русија изврши инвазија на оваа земја на 24-ти февруари.

Сепак, како што соопштија Украинската страна, заради фактот дека гасната станица „Сохрановка“ и пограничната компресорска станица „Новопсков“ се под контрола на Русија и окупационите сили се мешаат во техничките процеси, дошло до околности на виша сила, поради што транспортот на гасот не е возможен.

Низ станицата „Новопсков“ минува речиси 1/3-тина од гасот кој се испорачува од Русија за Европа, односно до 32,6 милиони кубни метри дневно.

Украинската компанија соопшти и дека заради исполнување на транзитните обврски кон европските партнери, можно е привремено префрлување на недостапните капацитети кон гасната станица „Суджа“ која е на територија под контрола на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Откако се скарале татко без дозвола и го зел 10 месечното бебе на сопругата и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање во Гостивар – наредната недела се очекува техничка вода

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе