Вести Култура Топ вести

(видео) Започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери

Во Националната опера и балет вечерва започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Настанот беше отворен со операта „Норма“, симболично избрана бидејќи последен пат во земјава била изведена пред 30 години, а „Мајските оперски вечери“ последен пат е изведена во 1996 година.

Во „Норма“ настапи екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои традиционално се отвораат МОВ. Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер Ренато Бонајуто. Настапија и првенките на НОБ, Благица Поптомова во главната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе. Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска.

Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, а во оф-програмата е балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално, манифестацијата ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе