Вести Македонија Најважни

Почна државната матура – првиот изборен испит го полагаат над 14 500 ученици

Над 14.500 матуранти од Македонија денеска го полагаат првиот изборен екстерен испит од државната матура.

Оваа година процесот носи целосна нова динамика, со оглед на тоа што за првпат се полагаат три различни типови матура прилагодени според средното образование на учениците.

Според податоците на Државниот испитен центар убедливо најголем дел од матурантите полагаат класична државна матура, додека останатите се распределени во стручна и уметничка матура.

Најчест избор за младите луѓе е англискиот јазик. Знаењето ќе го тестираат над 13 илјади кандидати, додека за математика се пријавиле нешто повеќе од илјада средношколци.

Следниот задолжителен чекор за учениците е испитот по мајчин јазик и литература, кој според официјалниот календар е закажан за 11 и 12 јуни во зависност од типот на образованието.

На терен се ангажирани околу 2.500 тестатори кои будно следат да нема неправилности, со оглед на тоа што годинава важи строга забрана за внесување на мобилни телефони и какви било електронски уреди.

Поради просторен дефицит во некои од средните училишта, дел од матурантите своите тестови ги полагаат во големите амфитеатри на факултетите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе