Вести Македонија Топ вести

Ден на трудот- меѓу протести и излети со неколку активни штрајкови во државната служба и еден штрајк во мирување

Повеќе одбележувања со мирни протести се најавени за денеска по повод 1-ви мај, денот на трудот. Протестите ги организираат синдикатите, додека политичарите уште од рано наутро ги упатија своите честитки и мисли за состојбата на работниците во државата.

Во моментот во Македонија, активен е штрајкот на вработените во Управата за матични работи, беше најавен, па откажан и штрајкот на административните работници, додека во мирување е штрајкот во образованието поради обид на владата, прашањата кои ги отворија штрајкувачите од СОНК да бидат решени со медијација, во согласност со законски одредби за решавања на работни спорови.

Денот на трудот и работничкиот празник постојано ги вади на виделина лошата положба на работниците во најслабо платените сектори, малата сила на синдикатите, како и непостапувањето на државните инспекции на прекршување на работничките права.

Традиционално, пак 1-ви Мај (кој од 2007-ма е еднодневен празник наместо како што беше дотогаш да се одбележува со два неработни дена) се празнува со излети, прошетки и распалување на првите пролетни скари на отворено.

Од историјата, првиот штрајк во Македонија бил регистриран во Битола во 1898-ма година додека наредниот помасовен штрајк на вработените во чевларските и текстилните погони со поддршка на интелектуалците и социјалистите се случил во 1909-та во Куманово.

Први мај се слави поради бурни штрајкови во Чикаго, каде во 1886-та на штрајкот на работниците било употребено и оружје за да се спречи и растури штрајкот. Имало дестина загинати, а поголем број биле работници кои протестирале.

На споменикот на плоштадот Хејмаркет во Чикаго каде се случило крвопролевањето се врежани зборовите „Ќе дојде денот кога нашата тишина ќе биде помоќна од гласовите што ги пригушивте денес.“

Првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе