Вести Најважни Свет

Животот во бункерите во Азовстал станува невозможен- повици за итна евакуација во стилот на Данкерк

Животот на засолнетите 2.000 украински бранители и 1.000 цивили во подземната мрежа бункери во челичарницата Азостал во Мариупол, кои можат да ги издржат воздушните напади, веќе станува невозможен, снемува храна, вода и лекови. На снимката, која на Асошиетед прес му ја доставија сопругите на заробените украински бранители, се гледаат ранети мажи со крвави завои, ампутирани екстремитети и отворени рани, кои лежат на импровизирани легла. Еден од нив вели дека јаде само еднаш на ден и дека четворица си делат едно ипол литро вода. Залихите се исцрпени, вели друг.

  • Кога последен пат јадевте?
  • Пред три часа. Ние имаме храна само еднаш на ден, вели ранет припадник на Азовскиот полк.
  • Еднаш на ден? А вода?
  • Исто така сиромашно. Имаме едно шише за четворица од 1,5 литар.

-Сакам да им се обратам на сите што го гледаат ова сега, дека ако не го запрете сега ова во Украина, каде понатаму ќе оди Европа. Путинизмот. Ужасна чума на 21 век, ранет припадник на Азовскиот полк.

-Оштено ми е стапалото, недостигаат два прста, имам длабоки рани во нозете, расекотини на рамото, на раката, главно на тој начин, вели ранет војник.

Воена лекарка, анестезиолог видно ослабена и изнемоштена, упатувајќи апел за итна евакуација, вели работиме постојано, младите војници умираат пред нашите очи, немаме можност да ги третираме како што треба.

  • Јас и моите колеги, кои сме многу малку, работиме во исклучително тешки услови. Под постојано бомбардирање ги спасуваме нашите момци кои се борат на своја земја, се борат за мир. Нашите ресурси се крајно ограничени. Момците буквално ни умираат пред очи затоа што немаме можност да ги евакуираме, нема начин да ги излечиме како што треба, објаснува докторката.

Жените на војниците , кои се плашат дека нивните мажите ќе бидат мачени и убиени доколку ги заробат Русите, побараа екстрадиција во трети земји и мисија во стилот на Данкерк, како операцијата од Втората светска војна за спасување на опколените сојузнички трупи во северна Франција. Азовскиот полк на украинската национална гарда е искусна доброволна единица која нашироко се смета за една од најспособните во Украина. Формирана во 2014 година на почетокот на сепаратистичкиот конфликт во источна Украина, а подоцна стана дел од Националната гарда на Украина. Голем број војници се членови на екстремно десничарската политичка партија во земјата на чело со Андреј Билецки.

Роднините на украинските борци денеска во Киев, на протест повика на евакуација на нивните најблиски од опколениот Мариупол. На плоштадот Мајдан побараа помош од ОН и други меѓународни организации.

Во исто време руските медиуми јавуваат за група цивили кои ја напуштиле фабриката за челик. На 16 април, руското Министерството за одбрана објави дека Мариупол е целосно ослободен од украинската армија, а преостанатата војска се засолнила на територијата на фабриката Азовстал. Рускиот претседател Владимир Путин нареди фабриката да не се напаѓа туку целосно да се изолира.

Билјана Ставрова

(вознемирувачко видео)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе