Забава

ЗАВРТИ НА ТЕЛМА – интерактивен квиз – секој работен ден во 08:50 во Утринска на Телма

Ваша задача е да се јавите на телефонскиот број на Телма 02 307 66 77, да побарате водителите да го завртат тркалото за вас и да одговорите на поставеното прашање кое се крие зад полето каде што застанало тркалаото. За секој точен одговор следуваат награди од нашите спонзори.

Прашањата: нема да бидат тешки. Наградите: ќе бидет убави и вредни.

Но, најважно од сè е да бидете во добро расположение и сите да се збавауваме.

„Заврти на Телма“ ПРАВИЛА

Квизот се емитува секој работен, трае 15 минути и ќе се емитува во почеток – еднаш во текот на „Утринска на Телма“, зависно од програмската шема на „Утринците“ Цеце, Ивана, Марко и Ненад. Квизот е во живо со вклучување на играчи преку обичен телефон.

Во „3аврти на Телма“ има тркало на кое има место за 16 полиња, од кои едно поле е на генералниот спонзор, едно поле е на спонзор на денот и останатие полиња се со спонзори  на поле и одредени полиња со порака како: повеќе среќа следниот пат, повтори вртење, одбери спонзор, награда изненадување, гостин во студио.
Откако гледачот ќе се јави бира кој водител ќе го завтри тркалото во негово име (ако е еден водител тогаш нема бирање). Кога тркалото ќе застане на одредено поле на кое има спонзор, водителите му поствауваат три прашања.

  • Ако тркалото застанало на:
    • Спонзор на поле – еден точен одговор и добива награда од спонзорот на полето
    • Спонзор на денот има две награди: мала награда и голема награда.
    • за еден точен одговор од три прашања следува мала
    • за два точни одговори од три следува поголема награда
    • Генерален спонзор има три награди: мала, средна и голема награда
      • за еден точен одговор од три прашања следува мала
      • за два точни одговори од три следува средна награда
      • за три од три точни одговори следува голема награда
    • Во првиот случај Спонзор на поле наградата е од 300 до 1000 денари.
    • Во вториот случај Спонзор на денот малата награда е до 1000 денари, а поголемата над 2.400 денари, и
    • Во третиот случај Генерален спонзор малата награда е до 1000 денари, средна награда од 1.500 денари до 3.000 и големата над 7.000 денари.
    • Ако тркалото застанало на:
      • Повеќе среќа следниот пат – играчот нема среќа и не му се поставуваат прашања, се бара нов гледач
      • Повтори вртење – играчот ќе треба да зварти уште еднаш или се додека не му се падне спонзорско поле или некое друго поле освен повтронио заврти
      • Одбери спонзор – играчот може да одбере кој сака спонзор од тие што не се веќе паднати на тркалото
      • Награда изненадување – играчот ќе добие можност да одбере едно од три пликоа во кои има разни награди и игра по правилото за спонзор на поле – еден одговор од три прашања ја добива наградата во пликото
      • Гостин во студиоЗа да биде гостин во студио треба да одговори на сите три прашања. Ако ги одгвори точно играчот, во договор со продуцентот, ќе биде гостин во студио на крај на месецот (27 мај), ќе избере награда од тркалото од секој спонзор по една, а за да ги освои сите ќе треба да одговори точно на 10 од 15 прашања за 2 минути и 30 секунди. Гостин во студио може да биде само еден играч во текот на месецот. Кога ќе се добие гостин во студио тоа поле се покрива со нов спонзор или поле со нова порака.
      • Во јуни – секој натпреварувач кој нема да добие награда, а е корисник на Елит кафе, ќе добие утешна награда. Истото ќе го докаже со број на фискална сметка.

Водителите, не смеат да му помогаат на гледачот, а гледачот да одогвори на сите три прашања има на располагање 30 секунди, кои се намалуваат откако ќе го прочита водителот првото прашање. Гледачот смее доколку не го знае одговорот (тајмерот му тече) да побара следно пршање.

  • Откако на тркалото наградата ќе се додели, тоа поле повеќе не е во игра до следниот ден.
  • Со тоа еден спонзор не може да додели два награди во едно емитување.
  • Ако на играч по вртење на тркалото му се падне поле кое веќе е поминато и е доделена наградата има можност за уште едно вртење и ако по втор пат му се падне поле со доделена награда се применува правилото како за поле: повеќе среќа следниот пат
  • Наградите по добивањето, и по контактот од организаторот со добитникот, ако не се подигнат за 30 дена – застаруваат.
  • Во квизот може да учествува секој кој ќе се јави на телефонот објавен на екранот, а доколку се јави лице помладо од 18 години, треба да има родител или стрател кој ќе дозволи да се натпреварува лицето помладо од 18 години.
  • За да се вклучи во квизот гледачите се јавуваат на обичен број и се наплаќа разговор по минута како кон локална мрежа, а доколку јавувачот има бесплатно кон сите мрежи тогаш јавувањето е бесплатно.
  • Јавувачот кој ќе биде преземен од операторот треба да остави податоци, име и презиме и телефонски број за контакт доколку освои награда за да може да се исконтактира по завршување на квизот, ќе му биде објаснето: на ТВ применикот да го исклучи тонот и да зборува и ги слуша водителите во слушалката на телефонот.
  • Играчот слушајќи во телефонска слушалка ќе може да го следи тајмерот кој последните 10 секунди ќе испушта звуци, со тоа што од 10та до 5та секуна ќе биде тивко, а последните 5 секунди ќе бидат гласни.
  • Еден гледач може да се јави повеќе пати за време на квизот.

Заврти на Телма – со среќа и знаење!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бејби Лазања : Не можам да ја прифатам наградата од 50.000 евра. Го молам Пленковиќ тие пари да ги донира

Дејан Дејан

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Дејан Дејан

Рок-ѕвездата Лени Кравиц ќе настапи на годинашното издание на музичкиот фестивал Охрид колинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе