Вести Македонија Најважни

Генералниот штрајк во мирување, СОНК и образование ќе ги пеглаат разликите со помирување

Децата од утре се враќаат во клупите во основните и средните училишта. Генералниот штрајк во образованието се става во мирување откако СОНК и министерството за образование ќе ги пеглаат разликите со помирување.

Утрово во СОНК добиле известување од министерството за труд и социјална политика дека образование бара отварање на постапка за мирно решавање на колективниот спор. Барањето е прифатено и од труд и социјала веќе е назначен медијатор. Според одредбите во законот за мирно решавање на работните спорови во тек на помирување не може да се одржува Генерален штрајк.

Од образование пак ја поздравија одлуката на СОНК да ги стават во мирување штрајкот, иако доколку постапеа спротивно се соочуваа со кршење на закон, и нагалсија дека се за продолжување на преговорите

„Со оваа одлука, Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај“, велат од МОН.

Новата рунда преговори овој пат ќе се води преку медијатор и ќе може да трае најмногу до 20 дена. Еден од условите за било каков договор е исплаќање на целата плата на просветните работници кои штрајкуваат, нешто што надлежните министерства го оспоруваа.

Неделков потенцираше дека нивните барања за покачување од 18,4 отсто на платите и потпишување на колективни договори за основно средно и детска заштита ќе бидат потпишани ќе бидат исполнети.

Од СОНК се без став дали потегот на минситерството за образование е купување на време или пак вистински начин да се надминат разликите.

Протестот на просветните работници кој беше закажан за 4 мај најверојатно нема да се одржи.
Генералниот штрајк во образованието почна на 11 април а членовите нс СОНК ја одбија понудата на Владата за покачување на платите за 12 отсто почнувајќи од јули.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе