Вести Најважни Свет

Путин го откажа нападот на челичарницата и објави: Го зазедовме Мариупол

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу преку новинската агенција Интерфакс објави дека Русија го зазела Мариупол.

Според извештаите, министерот за одбрана го информирал Путин за следните информации:

Русија го зазеде Мариупол. Ситуацијата е мирна, што го отвора патот за враќање на цивилите
Русија евакуираше повеќе од 142.000 цивили од Мариупол – 1478 украински борци веќе се предале, но повеќе од 2.000 украински борци сè уште ја бранат металуршката фабрика Азовстал. Фабриката Азовстал е безбедно блокирана.

Путин му честитал на Шојгу за успешната операција и рекол дека нема потреба да се упадне во фабриката „Азовстал“, туку дека таа треба да биде блокирана „за да не помине ниту една мува“.

„ Ова е случај кога треба да размислуваме, односно секогаш треба да размислуваме, а во овој случај уште повеќе, за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да се качуваме во овие катакомби и да ползиме под земја низ овие индустриски капацитети“ рекол Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе