Вести Македонија Најважни

Пендаровски го обвини Радев дека лаже

По инаугурација и рехабилитација на фашистичкиот соработник во Втората светска војна, Иван Ванчо Михајлов, од страна на целиот државно-политички врв на Бугарија, на територија на Македонија, од Софија денеска нова провокација во тој контекст. Бугарскиот претседател, Румен Радев, освне што повторно ги обвини македонските политичари дека градат идентитет врз фалсификатите на комунистичката интернационала, денеска испорача и ново обвинување, дека во Македонија, во рамките на Југославија, имало концентрациони логори во кои се убивале Бугари.

„Не Иван Михајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиваа и испраќаа десетици илјади во концентрациони логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Е тоа е вистински фашизам“, кажа Радев.

На изјавата на Радев експресно реагираше македонскиот претседател, Стево Пендаровски, кој тоа го нарече – лага.

„Не постои ниту еден релевантен историски извор кој ќе потврди дека 10.000 луѓе биле убиени во логори во Македонија во тоа време. Ниту еден извор, ни во бугарската, ни во македонската, ни во светската историографија. На територијата на Македонија никогаш немало концлогори, ниту тогаш ниту денес. Бројката од 10.000 наводно убиени е лага. Практично гола конструкција за политички цели“, рече Пендаровски.

Пендаровски денеска со контра изјава и на тврдењето на Радев дека Ванчо Михајлов не бил фашист. За македонскиот претседател Михајлов бил соработник на Адолф Хитлер и нацист за што постојат потврдени историски факти и во македонската и во бугарскат и во светската историографија.

Пендаровски освен за историските контроверзи кои постојано ги наметнува Бугарија, за кои тврди дека доколку останат единственото нешто на што ќе се концентрираат двете земји во разговорите, никогаш нема да се договорат, денеска излезе и со свој став за бугарското барање за менување на македонскиот Устав со впишување на Бугарите во него.

„Ова е едно од ретките прашања за кои постои волја, и кај власта и кај опозицијата, но тука прашањата се други. Меѓутоа, прашањето е за тајмингот и која е гаранцијата дека потоа нема некоја идна бугарска влада да бара повторно промена на Устав или други политички барања. Затоа мислам дека еден од начин на кои може да се пријде кон ова прашање, со намера да се реши, е преспанската формула“, е ставот на Пендаровски.

И премиерот Димитар Ковачевски денеска со став дека Вначо Михајлов бил соработник на нацистите и оти отворањето на клубот со негово име во Битола, е чиста провокација. Ковачевски денеска околу регистрацијата на Здружението Иван Михајлов рече дека владата ќе ги собере сите потребни информации

„Во однос на користењето на имињата веќе имаше и од правни експерти одредени изјави и кога ќе бидат собрани сите информации, идната недела ќе ве информирам за понатамошните чекори“, рече Ковачевски.

Од Министерството за правда на прашање на Телма дали законските изени на Законот за здруженија и фондации ќе предвиди и ревизија на псотојните имиња одговорина дека во оваа фаза од подготвката на измените не може да се произнесе за содржината и опфатот на законските измени.

За тоа пак дали ќе се утврдува одговорност за нецелосно спроведување на Законите за зфруженија и фондации, како и за Трговски друштва каде се регулира имињата на здруженијата и фондациите, а кои во случајот на здружението „Иван Михајлов“ било нецелосно спроведено и испочитувано, од правда за Телма одговрија дека прашањето за покренување постапка за утврдување на одговорност ќе биде земено во предвид при изготвување на измените на Законот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе