Вести Свет

ЕУ подготвува шести пакет санкции против Русија. Зеленски: Ќе биде многу болно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија.

„Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина“, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како и санкции.

„Конкретно, санкциите ќе обезбедат ограничувања за рускиот енергетски сектор, банкарскиот сектор, извозот, увозот и транспортот“, рече тој, повторувајќи го својот апел за целосно ембарго на испораките на руска нафта.

Ситуацијата на југ и исток е многу тешка

„Ситуацијата на истокот и на југот на земјата останува максимално тешка. Окупаторите не се откажуваат од обидот да постигнат барем некаква победа во новата, обемна офанзива. Ним им треба барем нешто за да ги нахранат нивните пропагандисти.“, рече Зеленски.

Тој зборуваше и за пристапувањето на Украина во Европската унија.

„Ова е историски момент кога можеме да развиеме максимална брзина во пристапувањето во Европската унија.

Веќе докажавме дека украинските државни и јавни институции се доволно ефикасни за да го издржат дури и тестот на војната. Ние веќе правиме онолку колку што другите народи никогаш не направиле за да ја заштитиме слободата на европскиот континент.

И гледам од сите наши пријатели во Европската унија подготвеност да ја помогнат нашата цел што е можно повеќе“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе