Вести Македонија Најважни

Бектеши за Топ Тема: Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законите

Министерот за економија, Крешник Бектеши во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на Телма рече дека управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби поради тоа што ноќниот клуб работел без лиценца за работа.

Бектеши ги повика институциите, како што е обвинителството, понатаму што побргу да ја завршат работата.

„Во однос на локалот кој немал лиценца за вршење на одредена дејност, во овој случај на ноќен клуб, ние отворено и транспарентно кажавме дека ова не е обврска на Министерството за економија, но не и на Владата, тоа е на инспекторатите. Колку што сум информиран од страна на ДПИ тие веќе направиле контрола и веќе е затворен. И претходно иако имал забрана за вршење на дејност тие работеле и согласно тоа ќе одговараат согласно законите во нашата државата. Ние секако дека како институција како Министерство за економија кое води регистар за давање лиценци за ноќни клубови во Секторот за туризам од вчера веќе ја известивме и МВР и јавноста дека тој локал не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат согласно законските одредби“, рече Бектеши.

Ноќниот клуб „Привилиџ“ кој се наоѓа во Градскиот парк во Скопје веќе имал забрана за работа која не ја почитувал, а по убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред оваа дискотека, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) повторно отиде на терен и го затвори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе