Ангело Ѓоргиевски, провоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, по речиси една недела во бегство рано утрово се предаде во полициската станица Аеродром и веднаш е спроведен во затворот Шутка бидејќи веќе му е одреден триесетдневен притвор. Тој засега нема да биде спроведен во Кривичниот суд на распит.
Министерот Спасовски повтори дека пријавата за случајот кај нив пристига од Клиничкиот центар дека примиле пациент без срцева активност и без траги на насилство.
Според Спасовски, полициска екипа била испратена и во ноќниот клуб „Привилиџ“ но останува нејасно зошто тие си заминале откако никој не им ја отворил вратата и зошто дури десет часа подоцна е повикан на разговоро одговорноно лице во ноќниот клуб, а не и вработените од обезбедувањето.
На снимката од нападот на Тот, јасно се гледаат најмалку осум лица сведоци на настанот кои ниту му помагаат на повредениот ниту пак го пријавуваат случајот вклучувајќи го и таксистот кој си заминува од местото. Од Обвинителството засега сметаат дека нема основ и тие да бидат опфатени во истрагата.
Здравствениот инспекторат го доставил извештајот до министерот за здравство Беким Сали во кој се содржат изјавите од сите медицински лица кои имале било каков контакт во хрватскиот ракометар Денис Тот, од неговиот транспорт па се до прогласувањето на смрт, но сеуште се чека на извештајот од Судската медицина заедно со пост мортем токсиколошката анализа.
Сали потврди дека разговарал и со директорката на КАРИЛ Мојсова ине ја исклучи можноста за формирање на стручна Комисија
Она што е познато е дека причина за нападот во кој Тот ќе добие повреди од кои триесетина часа подоцна ќе почине е расправија со притворената деветнаесетгодишна девојка со која се знаел од порано. Во средата вечер тие не дошле заедно во ноќниот клуб „Привилиџ“. Според информациите на „Телма“ вечерта седеле на различни маси, а притворената цела вечер била во друштво со Ѓоргиевски. Внатре во клубот имало контакт а се задржуваат и дискутираат пред дискотеката, но тој дел го нема на снимката од камерата на „Сејф сити“ која беше објавена во јавност. Извори од истрагата за „Телма“ тврдат дека на снимката од „сејф сити“ се гледа и како такси возачот по педесетина метри ќе запре и од него ќе излезат Ѓоргиевски и девојката а тој ќе се замине. Притворените повторно ќе се вратат кај Тот кој сеуште лежи пред дискотеката.
Оставнува неодговорено прашањето зошто надлежните инспекторати на Град Скопје и министерствата дозволиле дискотеката „Привилиџ“, која е во центарот на Скопје да ги отвори вратите и тоа не само критичната вечер, ако се знае дека нема лиценца и има активна забрана за работа од минатиот месец и кој ќе ја понесе одговорноста.
Огнен Чанчаревиќ
