Промо тв Серии

1992 – ТВ серија

Раните 1990-ти беа експлозивен период во италијанската политичка историја, особено за истрагата „Чисти раце“ (Mani Pulite) што доведе до колапс на Првата република – првата повоена влада на Италија. Во срцето на приказната се шест лица фатени во виорот на бурата, која започна со апсењето на левичарскиот политичар Марио Киеза. Додека Италија се бореше да стави крај на големата политичка корупција, илјадници поединци од полицијата, мафијата, јавниот сервис и политиката се најдоа под микроскоп – некои дури извршија самоубиство.

Првите 10 епизоди од „1992“ ги раскажуваат политичките промени што ја погодија Италија по истрагата за „Мани Пулите“ што ја спроведе судијата (сега политичар) Антонио ди Пјетро. И покрај вистинската историска позадина, главните ликови од серијата се сите измислени, како и нивните приказни; сепак, авантурите на протагонистите можат да ја прикажат социјалната и политичката сцена од тие години.

Главните актери Миријам Леоне, Гвидо Каприно и Теа Фалко потекнуваат од Сицилија, а мораа да глумат со северно-италијански акцент.

Следуваат и продолженија 1993 и 1994.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈУГ – мини-серија – НАСКОРО

Дејан Дејан

БАТИСТ- сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – понеделник до петок -13:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе