Вести Македонија Најважни

Наставниците и воспитувачите со штрајк во борба за достоинствен живот

Празни училници и холови во училиштата, наставници кои штрајкуваат, седнати во посебни простории и училници.  Ваква е сликата од утрово низ основните и средните училиштата во Македонија, каде членството на СОНК излезе на штрајк. Борбата е за достоинствен живот, праведност и почит за нивниот труд.

30 години се бориме за достоинството. Значи ништо повеќе , а на крај ги добиваме трошките. Јас ќе одам уште малку во пензија, посакувам само здравје на сите наставници , зборот учител да не се заборави во РСМ затоа што не треба да се споредуваме со другите држави. Да гледаме нашето македонско достоинство да го имаме, за напредок. Синдикатот се сите членови и не е ова случајно. Низ цела Македонија сме толку единствени, изјави Драгица Иванова- одделенски наставник во ОУ „Круме Кепески“.

СОНК преговараше во Владата, но не успеа да издејствува зголемување на платите согласно порастот на минималецот. Побараа зголемување од 18, 4% во очекување да добијат плати над просечната зашто како што велат , со сегашните немаат доволно за живот.

Платата во моментот не значи ништо. Не можеме да ги наполниме нашите потрошувачки кошнички , така како што треба , како што доликува да се живее , да се преживее , како што велат наставниците и сите останати вработени во образование, наука, вели Лена Спасеновска Поповска – регионален одбор на СОНК во Општина Кисела Вода.

Апелот од власта за спроведување на воспитно- образовниот процес во училиштата и градинките и покрај штрајкот на СОНК, за штрајкувачите е ништовен. Од утрово малкуте ученици кои отидоа на училиште се згрижени, но настава нема.

Од членовите кои се на Синдикат и оние кои се во штрајк настава нема да се реализира. Останатите зависно како ќе ги организира училиштето и директорот, изјави Велибор Јованоски- претседател на Синдикална организација на СОНК во ОУ „Димо Хаџи Димов“.

Се прифаќаат и децата во градинките , каде членоството на СОНК штрајкува . А, за нив се грижат ангажираните со договор на дело.

  • Сите деца кои родителите ги донесоа во градинката се прифатени и згрижени од вработените, ангажирани со договор на дело, кои што се на неопределено ангажирани од страна на општината и вработени кои што не штрајкуваат од разни причини. Најважно е што ни едно дете кое денеска е дојдено во градинката не е вратено и ќе му биде обезбедено сè што е потребно , како и во секој нормален ден, вели в.д. директорката на градинката „ Мајски цвет“, Тања Божиновска Миладиновска.

Родителите кои ги однесоа децата во градинките го подржуваат штрајкот на СОНК.

  • Па секој се бори за своите права . Значи нормално, ако тие сметаат како просветни работници дека треба да одат на штрајк, нека си го обават своето право.

  • Ако потрае штрајкот?

  • Ќе се снаоѓаме.

  • Па сега, да ви кажам искрено, да ! ( ги подржувам н.з.)

Штрајкот на СОНК ќе трае до исполнување на барањата на членството.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе