Минатото рочиште ја призна вината, а денеска доби 3 години затвор од судечкит совет на кривичниот суд. Јордан Горгиев возел над дозволената бризина и невнимавал на пешачки премин и според судот сторил тешки дела против сообраќајот и ја усмртил Викторија Николова од Радовиш. Но, тој е млад, студент и не е осудуван. Разбира што сторил и се кае ќе наведе судијката во пресудата.
Горгиев, молчеше, но семејствата во судницата не можеа да ги сокријат емоциите. Казната е прениска и ја губиме вербата во судството и државата, вели таткото на загинатата Виткроија Николова.
Ќе се жали обвинителот, но и адвокатот на Николови. Очекувале повисока казна. Целта за спречување на вакви сообраќајни дела не постигната, велат адвоактите.
Адвокатот на возачот Горгиев е задволен од висината на казната, но не и од одлуката тој да остане во притвор.
„Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието, “ кажа пред судот минатото рочиште обвинетиот Јордан Горгиев. Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.
Павле Беловски
