Вести Македонија Најважни

СОНК: Никој нема право да ги присилува наставниците и воспитувачите да ги прифаќаат децата

Никој нема право да ги присилува наставниците и воспитувачите кои штрајкуваат да прифаќаат деца за време на штрајк.

Генералниот штрајк започнува утре, може да прерасне во масовен и ќе трае се додека не се најде прифатливо решение за нашите барања, вака првиот човек на СОНК категорично го најави почетокот на утрешниот штрајк низ целата земја.

Ќе бидат откажани сите претходно закажани наставнички совети, родителски средби и полагање стручни испити.

„Немаме никаква обврска, одговорност кон тоа што ќе дојдат дечиња на училиште или во градинка врз основа на згрижување, воспитание, образование и храна. Немаме таква обврска. Ние ќе бидеме во посебни простории, училници спортска сала, не знам кој како е договорен внатре во организациите со директорот. Тука директорот може да употреби вработени во установите кои евентуално не штрајкувааат по различни основи. Може не се наши членови, може има страв од притисоци на некои за да штрајкуваат, па нема да штрајкуваат и ќе ги прифатат децата“ – вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков .

Министерството за образование и наука соопшти дека основните и средните училишта ќе продолжат да работат, ќе примаат ученици и дека училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно-образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на наставата. Министерството за труд и социјална политика нагласи дека градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк.

„Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк“ – порачаа од Министерството за труд и социјална политика.

 

„Директорите да не си играат со штрајкувачите, затоа што  ќе бидат поднесени кривични пријави против нив за попречување на штрајк, за што е предвидено парична казна или казна затвор од една година“ – порача адвокатката на СОНК, Верица Ристова.

Премиерот Ковачевски ги повика наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес.

Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам, но социјалниот дијалог е единственото решение, смета Ковачевски.

„Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21% во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени“ – порача Премиерот Ковачевски.

Во меѓувреме ден пред генералниот штрајк дел од родителите со дилема дали да ги носат децата во училиште.

Доколку учениците сепак се појават во училиште, кој и каде ќе ги  згрижи дали вработен во службите на училиштето и лица од општината како што им било најавено.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе