Вести Македонија Најважни

Притвор за две лица осомничени за убиство на ракометарот Тот

Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двете приведени лица, осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.

Како што претходно информираше Телма, три лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна девојка.

Осомничени за убиството се 28-годишниот А. Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои го претепале хрватскиот ракометар, Тот, кој подоцна им подлегна на повредите.

Од обезбедените снимки од страна на полицијата утврдено е дека, кобната ноќ, околу 3 часот и 30 минути пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, дошло до расправија помеѓу Тот и тројцата осомничени, при што тие го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци.

Од ударите тој паднал наназад и со задниот дел од главата удрил на асфалтот, по што изгубил свест. И покрај тоа, осомничените продолжиле да го  удираат по главата, а потоа, без да му укажат помош, си заминале.

Двајца од нив, дечко и девојка, се приведени, но првоосомничениот е во бегство и по него е распишана потерница.

Смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот сепак е резултат на насилство – две лица се приведени, се трага по уште едно лице

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе