Вести Македонија Најважни

Боки 13 до судијката: Ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува!

Десетици сведоци, стотици снопови хартија, спорен мобилен телефон и безброј слики од скапоцена гардероба во процес од година и половина со крајна пресуда од 14 години затвор. 4  виновни и една обвиената на слобода. Во измамата предводел Боки 13, а останатите помагале.

Бојан Јовановски доби казна од 5 години дека мамел бизнимени и уште 5 години дека ги перел парите. Јасна Ерцеговиќ по 2 години за помагање за двете дела, бидејќи Боки 13 креирал реалнсот различна од постоечката и со интелегентни методи ги убедувал бизнимните од Битола и Струга дека ќе обебзди земјиште на кое ќе никнат домови за стари лица.

Во судската сала пресудата се дочека со воздишки но и со незадоволство и препирки.

  • Б.Ј. „Вие сте најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресуда е доказ.“
  • Судијка: „Ве молам мир во судницата !“
  • Б.Ј „Но, Господ казнува не ти ! “

Молчешкум си замина обвинетата помошничка на Јовановски до тој еприод, Христина Блажевска која доби само 1 година затвор. Иако помина со условна казна за две дела, помагаше во перење пари и псоедување пиштол, таткото Јовановски со остра критика кон судиите и обвинителите.

Единствена насмевка во судницата беше онаа на поранешната потпретседателка на парламентот Фросина Ременски која доби слобода. Му помагала на Боки 13, но судот не успеал да гу утврди дејствијата на влијание. Таа е задоволна, но обвинителката не.

Ова се нови 9 години затвор за Јовановски откако ја подели вината во „Рекет“’ со специјалната обвинителка Катица Јанева. Таму, според обвинението зел од бизнисменот Орце Камчев 1, 5 милиони евра врски за наводна обвинителска интервенција, а во „Меѓународен сојуз“, Јовановски, ги искористил документите од посочената невладина и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра.

 

Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе