-Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Јордан Горгиев, кој со ова ја призна вината за сообраќајната несреќа кај Сити мол.

Потоа по признанието на вината Ѓоргиев седна на обвинителното столче и гледаше надолу додека чекаше сите вклучени во постапката да се изјаснат.
Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.
-Само сакам да наведам детектирани се пропусти во областа на сообраќајот односно обвинетиот не обрнал внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот. Понатаму од истиот закон детектиран е пропуст, а возилото од страна обвинетиот е управувано до 67,3 км на час брзина била за 17,3 над дозволената. Како резултат од овие пропусти настапил и смртниот исход кај оштетената, а повредите од судско- медицинскиот аспект се наведени, истакна обвинителот во рамки на првото рочиште како приложување докази во насока на одлуката на судот за санкцијата.
Од семејството на загинатата потенцираа дека не добиле извинување од обвинетиот и побараа сразмерна казна за Ѓоргиев.

-Сакам да потенцираме дека денеска е 76 ден од смртта, а во овој период семејството ниту пак обвинетиот се нема извинето изразено сочуство или самиот да се покае. Затоа сакаме судот ова да го има предвид и судот да донесе сразмерна санкција со стореното дело, кажа адвокатот на оштетеното семејство на Викторија во завршните зборови.
Јордан Ѓоргиев во својот завршен збор изрази сочувство до семејството и наведе дека доколку може би го сменил местото на починатата поради вознемиреност од трагичниот систем.
-Да изразам сочуство до семејството на сега покојната. Од тој ден немам ниту еден миг раат, многу сум вознемирен, камо би можел да сменам нешто од тој ден. Доколку би можел радо би го сменил местото со Николова, рече во завршен збор обвинетиот Јордан Ѓоргиев.
Пресудата ќе биде изречена во понеделник, соопшти судечкиот совет.
Павле Беловски
Аудио бомбите Камчев – Груевски не влегоа во судот, не биле законски прибавени
