Притвор за две од четирите лица кои се најдоа под истрага за реконструкцијата на барокната фасадата на Владата, со што ја оштетиле државната каса за речиси 8 милиони евра.
Се градело со поевтин материјал, а не со оној што бил договорен преку јавната набавка. Вишокот пари завршувале во партијата на власт и со нив се купувале недвижности.
Покрај тоа судија на претходна постапка го усвои и барањето за замрзнување на имот и на финансиски трансакции на сметки на осомничените и фирмата која е дел од истрагата.
