Вести Македонија Најважни

Напредок за политичарите, нормализирање на работната атмосфера за историчарите

Што е напредокот во историската Комисија кој поолитичарите во Македонија и Бугарија неколку дена наназад го истакнуваа и со тоа ги подигнаа очекувањата на јавноста? Историчарите ниту индиректно не ги повторија изјавите на политичарите. Според Телма станува збор за нормализирање на атмосферата за работа и подигање на нивото на коуникација на очекуваното академско. Заедничкото чествување на Цар Самоил кое го кажа копретседателот од бугарската страна Ангел Димитров е договорено уште во февруари 2019 година

Нормализирање на односите меѓу двете страни во историската Комисија, подигнување на новото на комуникација на очекуваното академско, дискусија базирана на аргументи и факти, слух за ставовите на колегите. Според информациите на Телма ова е всушност напредокот во историската Комисија кој политичарите денови наназад го истакнуваат и со тоа ги подигнаа очекувањата во јавноста.

Токму затоа и по последната средба која се одржа вчера и завчера во Скопје, немаше никакво официјално соопштение за постигнат договор за конкретна историска личност или период.

Изјавата на бугарскиот копретседател Ангел Димитров дека Цар Самоил е „завршена работа“ е само половично точна и тоа во делот на заедничкото чествување кое е договорено на четвртиот сотанок на Комисијата одржав во февруари  2019 година.

На последниот состанок се дискутирало за цар Самоил но гледиштата на историчарите сеуште се различни, за едните е национален жиг за другите како да се избегле селективно претставување односно национализирање.

Смирувањето на страстите во рамките на Комисијата, особено од бугарската страна, е добар почеток бидејќи овозможува напредок во работата и евентуално затварање на некои прашња кои стојат отворено со месеци па и години.

Останува дилемата дали и зошто политичарите го префрлаат фокусот на историската Комисија како клуч за надминување на разликите и со тоа деблокирање на пристапниот процес и преговорите кога се погласни се шпекулациите дека е можно потпишување на договор за време на заедничкото чествување на сесловенските просветители Кирил и Методија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе