Што е напредокот во историската Комисија кој поолитичарите во Македонија и Бугарија неколку дена наназад го истакнуваа и со тоа ги подигнаа очекувањата на јавноста? Историчарите ниту индиректно не ги повторија изјавите на политичарите. Според Телма станува збор за нормализирање на атмосферата за работа и подигање на нивото на коуникација на очекуваното академско. Заедничкото чествување на Цар Самоил кое го кажа копретседателот од бугарската страна Ангел Димитров е договорено уште во февруари 2019 година
Нормализирање на односите меѓу двете страни во историската Комисија, подигнување на новото на комуникација на очекуваното академско, дискусија базирана на аргументи и факти, слух за ставовите на колегите. Според информациите на Телма ова е всушност напредокот во историската Комисија кој политичарите денови наназад го истакнуваат и со тоа ги подигнаа очекувањата во јавноста.
Токму затоа и по последната средба која се одржа вчера и завчера во Скопје, немаше никакво официјално соопштение за постигнат договор за конкретна историска личност или период.
Изјавата на бугарскиот копретседател Ангел Димитров дека Цар Самоил е „завршена работа“ е само половично точна и тоа во делот на заедничкото чествување кое е договорено на четвртиот сотанок на Комисијата одржав во февруари 2019 година.
На последниот состанок се дискутирало за цар Самоил но гледиштата на историчарите сеуште се различни, за едните е национален жиг за другите како да се избегле селективно претставување односно национализирање.
Смирувањето на страстите во рамките на Комисијата, особено од бугарската страна, е добар почеток бидејќи овозможува напредок во работата и евентуално затварање на некои прашња кои стојат отворено со месеци па и години.
Останува дилемата дали и зошто политичарите го префрлаат фокусот на историската Комисија како клуч за надминување на разликите и со тоа деблокирање на пристапниот процес и преговорите кога се погласни се шпекулациите дека е можно потпишување на договор за време на заедничкото чествување на сесловенските просветители Кирил и Методија.
Огнен Чанчаревиќ
