Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Жестока политичка дебата околу резултатите од пописот

Жестока дебата се отвори во вечерашната Топ Тема околу политичките интерпретации за резултатите од пописот на населението во Македонија.

Според пратеникот од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, пописот не е завршен, затоа што е недозволиво повеќе од 132 000 граѓани да не бидат попишани.

Според него, фактот дека за нив нема податоци на која етничка група и припаѓаат, која религија ја практикуваат и на кој јазик зборуваат, е недозволиво.

Тој бара да се комплетира пописот. Смета дека може да се направи целосен попис.

Пренџов оцени дека никаде нема попишување на иселеници кои живеат надвор од границите на државата подолго од една година.

„Апсолутно, овој попис спроведен, не може да влијае на ништо што значи ниту уставни права, ниту права согласно закони, уште помалку да влијае дали на балансер или како што слушнав дека ќе влијае во делот на Бадентер, тие 7,2% непопишани по етничка припадност, ако утре влезеле во Парламентот, ќе се нарушел принципот“ – изјави во вечерашната Топ Тема, пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

Таа додаде дека секој кој се кандидира за пратеник, потпишува изјава под морална, законска и кривична одговорност.

Пратеникот од Алијанска на Албанците, Елми Азири, оцени дека пописот не се одвивал најдобро. Не биле вклучени сите граѓани.

„Има доста дилеми по кој клуч 132 000 граѓани се вметнати од административни извори. За кои причини, потпретседателот, заменик директорот на државниот завод за статистика, Илми Селами , кажа дека и од инсистирал, не се согласил оваа група граѓани да се вметнат“ – изјави Азири.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе