Вести Македонија

Дури 60 проценти од битолските Роми немаат завршено основно образование

Ромската популација  повеќе сака да користи социјална помош, отколку да се образова и да најде редовна работа. 60 проценти од Ромите немаат   завршено  основно училиште, а неоформеното образование е главната причина за невработеноста на оваа популација, која најчесто  работи на црно,  покажа истражувањето на невладината Пред плус,  направено  во ромската населба Баир во Битола.

Голем дел го прифатиле  тоа како нормална работа, затоа што сметаат дека ако користат социјална помош ќе можат да работата на црно и да обезбедат дополнителна егзистенција, вели Ремзи Медик,  член на тимот во фондација „Преда плус“

Целта  на истражувањето е да се утврди капацитет  за вработување на  ромската популација и  потребата од работна сила на приватниот сектор.  Иако компаниите  имаат потреба и од неквалификувана работна рака,    поради неоформеното образование Ромите  не можат  да ги користат   активните мерки за вработување

-За користење на било која мерка која што е за поттикнување на вработувањето во Агенција за вработување се бара или основно или средно образование. Поради тоа, иако потребата на компаниите во Пелагонискиот регион од неквалификувана работна сила е 85 проценти се уште тој капацитет не може да се исполни иако има толкав процент на луѓе кои се неквалификувани, вели Лидија Ангелкова фондација „Преда плус“.

Пред плус препорачува  да се овозможи програма со која Ромите ќе можат   да го оформат своето образование, да се укинуваат   социјалните бенефити ако не се почтува обврската за  задолжително образоавние или ако одбијат работа, да се стимулираат добрите учениците и да се креираат активни мерки за вработување дизајнирни за неквалификуваната работна сила.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе