Четири месеци 20 проценти помала плата ќе добива шефицата на битолското Обвинителство Лиле Талевска. Дисциплинската мерка е изречена од државниот обвинител, а адвокатот Александар Тумановски тврди дека се однесува на претставка поднесена од него против обвинителката лани во март.
Тој се пожали до Советот на јавни обвинители за неетичко однесување на Талевска во судница за предмет во кој бил бранител.
Тумановски во претставката наведува дека е несериозен односот на битолското обвинителство затоа што во текот на постапката се промениле 4 обвинители од ОЈО Битола.
-Ова укажува на несериозен пристап на обвинителството иако во случајот се работи за сериозно кривично дело кое му е става на товар на обвинетиот. Ова е една од причините поради која ја поднесуваме претставката бидејќи основниот јавен обвинител Лиле Талевска раководи со ОЈО Битола кое го води случајот, а таа дозвлува или е иницијатор на ваквите промени кои доведуваат до заклучок дека целото обвинителство го води предметот, наведува адвокатот Александар Тумановски во претставката.
Тумановски за Телма вели дека Обвинителката Талевска , за истиот случај во судница приговарала и за вкрстеното испрашување на бранителот, иако тоа едел од изведувањето докази во кривичната постапка.
Како што вчера соопшти Обвинителството меѓу петте поведени дисциплинска постапки за јавни обвинители, едната се однесува на обвинител од од ОЈО Битола, на кој му се намалува платата за 20 проценти во траење од 4 месеци. Талевска остана недостпана да одгвории за изречената дисциплинска мерка.
Емилија Мисирлиевски
