Гори борова шума и сува трева над карбинското село Радање.
Во непристапниот терен со огнот се справуваат 10 пожарникари со две возила од штипската противпожарна единица.
Според првичните проценки на пожарникарите огнот има зафатено од три до пет хектари борова шума и сува трева.
Дојавата од населението ја добиле пред два часа попладнево.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
