Не сум правник, но го научив законот. Против мене има нови докази и барам еден работен ден за да се подготвам. Иако до сега се нема обратено до судечкиот совет, обвинетиот Сашо Мијалков стана и наместо да дава одбрана побара дополнително време да се подготви.
Ги насмеа присутните во судницата, но отфрли вина дека му помагал на експремиерот според обвинението да купи плацеви на Водно со присвоени партиски средства.
„Јас сакам да дадам одбрана согласно законот. Не гледам што е проблемот 10 месеци доаѓам овде ниту крив ниту должен и дали нешто имам побарано. Дали ќе ми дозволите во понеделник? Барам еден работен ден дополнително да се подготвам. Се работи за почитување принципи и почитување на законот. Не сум правник но го научив законот од немај каде, “ му порача обвинетиот Сашо Мијалков на судчекиот совет
По, барањето на Мијалков за во понеделник изостана и одбраната на првообвинетиот Никола Груевски, бидејќи е во бегство во Будимпешта, но пултот го превзема неговиот венчален кум, Ристо Новачевски.
Новачевски на прашања на адвокатот објасни како Груевски побарал од него да стане управител на фирмата „Сирах инженеринг“ со која се купени палцевите на Водно за кои обвинителството тврди дека се во тајна сопственост на Груевски, а платени со пари од партиската каса на ВМРО –ДПМНЕ.
- Пролетта 2015 – та имаше партиски прес за некое земјиште на Водно. Петре Шилегов од СДСМ го спомна земјиштето, моето име како управител, а јас го информирав Груевски и побарав најитно да бидам тргнат од управител бидејќи стана неподносливо. По извесно време се видовме и ми кажа дека тоа земјиште ќе биде продадено а за него е заинтересиран Орце Камчев и дека ќе ме побара, “ изјави сведокот Новачевски во судницата
Груевски уште во 2012 –та се повикал на дологодишното приајтелство и побарал од Новачевски да управува со фирма за градежништво.
Бизнисменот и градежник Александар Ивановски – Теранова во позадина ги средувал сите активности за отворање фирма и купувањето на земјиштето од странски државјани со пари кои легнале на фирмата по основ на зголемување на оснивачкиот влог.
Но, Новачевски пред судот во своја одбрана ќе објасни дека оваа фирма е ќерка фирма на „Сирах лимитед“ за што пак обвинителството се обидува да докаже дека преку офшор транскации биле внесувани парите кои првообвинетиот Никола Груевски ги превземал од партиската каса и уплатите на партиските донатори на ВМРО- ДПМНЕ, а останатите обвинети меѓу кои Орце и Ратка Камчеви и Мијалков му помагале да се стекне со 11,000 квадратени метри на подножјето на Водно.
Павле Беловски
