Лидерите на НАТО донесоа одлука за распоредување на нови четири борбени трупи во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка, кои треба да ги засилат веќе распоредените четири борбени трупи во Полска и балтичките држави. На денешниот вонреден самит во Брисел донесена е одлука НАТО да ја ресетира својата одбрана на подолг рок за да се соочи со новата безбедносна реалност.
На земја ќе имаме значително повеќе сили во источното крило на НАТО на повисока борбена готовност, со повеќе опрема и залихи. Во воздух ќе распоредиме повеќе авиони и ќе ја зајакнеме нашата интегрирана воздушна и ракетна одбрана. На море ќе имаме групи на носачи на овиони, подморници и значителен број на борбаени бродови на постојана основа, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО
Лидерите на 30 членки на НАТО се договорија и да и спорачаат и дополнителна помош на Украина во воена помош, медицинска опрема, како и заштита и обука за справување со биолошко и хемиско оружје, но НАТО, како што рече Столтнеберг ќе напраи се да не влезе во тотална војна со Русија, меѓу другото оговарајаќи на барањето на Полска за испраќање на НАТО мировници во Украина.
Порката е дека мора да бидеме обединети и дека треба да и испорачаме помош на Украина, но истовремено имаме одговрснот да обезбедиме оваа војна да не стане целосна војна меѓу НАТО и Русија. И заради тоа лидерите на НАТО јасно ставија до знаење дека ние нема да распоредуваме војници во Украин бидејќи единствен начин да се направи тоа е да се биде подготвен за целосен конфликт со руските трупи.
Од самитот на НАТО пред средбата на Г7 на која ќе учествува и Кина, на Пекинг му беше испратена порака – Кина на никој начин да не ја помага Русија.
Нашата порака до Кина е таа да у се приклучи на остатокот од светот и да ја осуди бруталната војна против украина и да не ја поддржува Русија, ни економски и секако не воено.
Лидерите денеска освен за соочување со нова безбедносна реалност во светот на долг рок, кој Столтенберг го нарече – нова реланост, со воено јакнење на безбедноста на земјите-членки, но и сајбер безбедноста, донесо одлука и да ја зголемат помошта за Грузија и Босна и Херцеговина за да ја засилат својата отпорност на руското влијание, а разговарале и за енергетската безбедност при што бил донесен заклучок за зголемување на резервите на енергенси во земјите членки и намалување на зависноста од Русија.
Одлуките кои денеска ги донесоа лидерите на земјите членки на НАТО треба до јуни да добијат свој оперативен план.
Инаку веднаш по завршувањето на НАТО самитот, во Брисел започна самитот НАТО – ЕУ, со првите луѓе на Унијата, а попладнево во Брисел ќе се одржи и состанок на групата на седумте најбогати земји во светот окјолу Руската инвазија на Украина.
Тамара Грнчароска
