Вести Најважни Свет

Жителите на Одеса се подготвуваат за „мариуполско сценарио“

Вртелешка без детска смеа, продавници без муштерии и улици без луѓе. Ова е сликата од Одеса, „Бисерот на Црното море“, кој пред еден месец, пред руската инвазија беше полн со луѓе и туристи. Иако градот до сега главно беше поштеден од руските гранати, неговите жители не се залажуваат дека така и ќе остане. Од самиот почеток на војната, Одеса се подготвува. Доколку Мариупол падне, речиси сигурно е дека руската армија ќе го сврти вниманието кон Одеса и последното големо украинско пристаниште на Црното Море.

  • Тоа што сега Русија го прави е тероризам, и геноцид и тоа е најужасното нешто на свет. Во опасност не е само украинскито народ, туку сите луѓе на светот.“, вели Руслана Бакштаева – жителка на Одеса

Малку повеќе од 500 километри на исток, другото големо украинско пристаниште Мариупол е речиси срамнет со земја. Украинската и руската армија со недели се борат за градот. Москва сака копнен коридор кон Доњецк под нејзина контрола и уште едно пристаниште за снабдување на армијата во Украина, особено што пристаништето во Бердјанск е постојано бомбардирано од Украинците. Киев денеска соопшти дека го уништиле оклопниот носач Орск и уште еден руски борбен брод во Бердјанск. Помеѓу двете армии во Мариупол има 100.000 цивили, без храна, вода и греење, и најголем дел од нив секојдневно се обидуваат да го напуштат градот, но борбите ги спречуваат.

  • Се обидуваме да организираме, но се појавуваат нови луѓе со деца и нив ги пуштаме први. Ќе дотрча некој и ќе рече „Јас сум број 358, треба да ме пуштите“. Но штом има деца овде што можеме да направиме? Секако дека ќе ги пуштиме први. Исто така ги транспортираме и повредените, вели еден руски војник.

Турција, која изминативе недели се покажа како ефикасен посредник меѓу Русија и Украина, денеска соопшти дека ќе продолжи со напорите да организира средба меѓу Путин и Зеленски.

  • Ќе ги продолжиме разговорите и со г-динот Путин и со г-динот Зеленски. Сите наши напори се насочени кон средба меѓу двајцата лидери и особено кон воспоставување атмосфера на мир.“, изјави Реџеп Таип Ердоган – Претседател на Турција

По денешните три самити во Брисел, американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и соопшти дека ќе бидат обезбедени 1 милијарда долари хуманитарна помош за Украина. Осврнувајќи се и на разговорот со кинескиот претседател Си Џинпинг, Бајден го предупредил дека ако ѝ помогне на Русија во војната, сериозно ќе ги наруши трговските односи со САД и ЕУ.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе