Вести Македонија

Опозицијата ги обвинува СДСМ дека се кријат зад ДУИ за една изборна единица

Една изборна единица поминува низ собраниските комисии, но консензус засега нема. Партиите на Албанците се против, а СДСМ бара целосен консензус, со сите партии. Ова наиде на обвинувања од опозицијата дека, иако во својата програма ветија една изборна единица, СДСМ преку коалицискиот пазар со ДУИ го саботираат предлог-законот.

ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка за почеток на дебата за ова прашање. СДСМ, пак, кои во два предизборни циклуси ветуваа една изборна единица,велат дека и тогаш биле за тоа, да има консензус со сите партии, затоа што се работи за крупно прашање.

Помалите партии бараат една изборна единица наместо досегашните шест, затоа што сметаат дека така нема да им се губат гласовите што ги добиваат на државно ниво и ќе им се зголемат шансите да влезат во Парламентот самостојно, без да коалицираат со поголемите. Од  Левица ги повикаа, доколку овој предлог на закон не се усвои, да го напуштат парламентарното мнозинство.Таква можност најави Павле Трајанов од Демократски сојуз, но не пред да заврши војната во Украина и да се стабилизира безбедносно-политичката состојба. Следи јавна дискусија во Собранието.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе