Вести Македонија Топ вести

Безбедна ски сезона само со обучена ски патрола и скијачка култура

Речиси четири месеци се грижат за безбедноста на скијачите и бордерите на центарот Попова Шапка. Ски патролата Асклепиј и во екстремни зимски услови мора да се на терен. Го отвораат и затвораат скијачкиот ден. Некогаш е денот мирен, но има моменти кога интеренираме постојано, каде во текот на еден скијачки ден има многу повредени, а за жал некои завршуваат и со тешки телесни повреди.

 -Секое утро мора први да се качиме на ски патеките, да се спуштиме по нив, да го провериме нивниот квалитет. По потоа кога ќе го осигураме теренот, започнува скијачкиот ден. Да се направи проверка на заштитните мрежи, да се монтира Аки чамецот, ако има повреден, негово лоцирање, мобилизација и транспорт. Има тешки и сурови денови, но ако има некој војла ова да го работи, а ние од Ски патролата имаме волја, не е воопшто тешко и сето тоа го работиме со голема мотивација, рече Војкан Неткоски од Ски патролата Асклепиј.

Секој ски патролер мора да помине соодветна обука, оти предизвиците на планина се големи, а за да се надминат потребна е голема професионалност.

 -Ние ги учиме практичните вештини, каде се справуваме на терен со опасностите. Секогаш кога одиме на планина гледаме убави снежни пејсажи и кај нас се создава чуство на уживање и релаксација. Но, не е се така бело како што изгледа. Се случуваат снежни лавини, за нив треба искуство, односно како да извлечеме човек кој е затрупан во лавина, оти според некои пресметки на лицето кое е затрупано во лавина, му остануваат 900 секунди живот, затоа мора да се делува брзо и професионално. Скијачите мора да внимаваат каде се движат, да го познаваат теренот, но и снегот, вели Константин Циривири претседател на Ски патролата Асклепи

Она што треба да не радува, велат од Ски патролата Асклепи е што од година вгодина се подобрува скијачката култура која е пресудна да имаме безбедни скијачки центи низ државата.

Зоран Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе