Вести Македонија Топ вести

Сергеј Самсоненко: „Плацот е мој и си го купив од Орце Камчев“

На сопругата и побарав да ја купи фирмата „Лајф кер центар“. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, бидејќи сакав да изградам дом за семејството. Платив 110 милиони денари на Орце Камчев, објасни сведокот Сергеј Самсоненко во судската сала а го повика одбраната на обвинетиот Камчев во предметот „Плацевите на Водно”, додека, пак, обвинителството во предметот се обидува да докаже дека имотот е во тајна сопственост на екс премиерот Никола Груевски.

„Јас некое време барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија за живеење. Не можев да го најдам тоа што ми треба затоа што барав над 5 000 квадрати. И Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував неколку варијанти и ја ја одбрав оваа”, истакна Сергеј Самсоненко во „Плацеви на Водно“.

Купопродажбата, односно неговата сопруга станала сопственик на оваа фирма во 2019 –та а денеска Самсоненко објасни пред судот дека постои блокада за имотот во општината иако кога купувал фирмата и имотот биле чисти.

Но, деталите за овој плац се содржани во истрагата и обвинието во кои се наведува дека плацот од 2012 -тата сменил неколку сопственици, со цел да се сокрие вистинската сопственост.

Прво го купил кумот на Груевски, Ристо Новачевски, основал фирма-ќерка во Скопје, „Сирах инженеринг“, а на сметката во неколку наврати легнале парите на Груевски, стекнати преку донации за партијата.

Со нив, пак, потоа биле исплатени две парцели, со вкупна големина од 11.000 квадратни метри. Според документите од Централен регистар, уделот во „Сирах инженеринг“ го купува „Орка Холдинг“, во сопственост на Камчеви, а поголемата парцела се цепка на три помали.

Еден дел од имотот на фирмата купил и сопственикот на „Супер трејд“, бизнисменот Владимир Стаиќ кој денеска во судницата исто како и Самсоненко  сакал да гради куќа и не го познава Никола Груевски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе