Осуда до Владата од трансродовите лица и од активисти за повлекувањето од собраниска процедура на измените на Законот за матична евиденција, со кои се овозможува промена на полот на секое полнолетно, работоспособно лице , со нотарски акт и копија од лична карта, поради неусогласеност со родовиот идентитет.
- Со ова нашата држава најпрво потфрла да изгради општество за сите, на примеса на која всушност дојде на власт. Второ, потфрла да ја исполни обврската кон Европскиот суд за човекови права која произлегува од пресудата во случајот X против Македонија, донесена во јануари 2019 година, со која експлицитно се задолжува државата да овозможи брза и лесна административна постапка за правно признавање на родот, врз основа на себеопределување, изјави Лила Митиќ- Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во РСМ
Со повлекувањето на законските измени државата ги остава трансродовите лица без правна заштита. А , од Коалицијата Маргини рекоа дека најголеми противници на законот се оние пратеници кои не го прочитале.
- Законот гарантира заштита на бракот , во смисла на развод на брак пред да се бара измена на податокот за пол. Законот вели уредување на постапката во сите области кои што ќе бидат засегнати од промената на податокот за пол. И на крај, лицето кое што бара измена на податокот за пол потпишува изјава заверена на нотар , во која јасно укажува дека промената ја прави заради усогласување на родовиот идентитет со ознаката за пол во Матичната евиденција и под морална одговорност гарантира дека тоа не го прави за да избегне договор, законска или било каква друга обврска, изјави Наташа Бошкова –правна советничка во Коалицијата Маргини
За законот денеска не се расправаше во собраниска Комисија. А од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека во него има нелогичности.
А, од Министерството за правда, кои се предлагачи на законските измени велат дека се повлечени поради доусогласување со други закони
- Поради потребата за реформирање на системот на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Од друга страна пак, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истото е потребно дополнително да се усогласи со законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, кој што е донесен во 2020 година.
Македонија е меѓу 10 држави во Советот на Европа, во кои правното признавање на родот не е достапно.
Сотир Трајков
