Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово учествуваше на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија што се организираше под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас.
Европското досие на Македонија била темата на која се зборувало, а како што изјави Османи, средбата коинцидира со војната во Украина и последните случувања поради кои е променет и контекстот на разговорите со Унијата, кои се насочени кон геополитичките и стратешките приоритети на европскиот континент.
