Вести Македонија

Тренчевска: Жените и мажите треба да имаат еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот

Концептот на еднакви можности е еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што значи дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и  еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот. Ова е концептот со кој нашата земја беше и се уште е призната како лидер во регионот, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во обраќањето на 66. седница на Комисијата за статусот на жените на ОН во Њујорк.

Како што информира Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска во својот говор се осврнала на достигнувањата и предизвиците во оваа област, кои, како што рекла, се главна мотивација и фокус во натамошното работење.

Таа ја истакнала силната решителност и поддршката за создавање поодржлива иднина за сите, што значи, преземање амбициозни климатски акции, препознавање и воведување на социјална правда и справување со родовата различност. Исто така, посочила дека во рамките на тој процес Министерството за труд и социјална политика во тесна соработка со партнерите, систематски ги анализирало родово базираните разлики и ранливости во секторите поврзани со климата.

-Го започнавме процесот на градење на институционалните капацитети за вкрстување на родовата еднаквост и климатските промени, ги развивме македонските индикатори за родот и климатските промени во националните стратешки документи и ја воведовме  климатските промени како посебна стратешка област во новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година. Исто така го воведовме и концептот на родова еднаквост во Долгорочната стратегија за климатска акција и Законот за климатска акција. Почнувајќи речиси од нула, денес можеме да кажеме дека успеавме да воспоставиме повеќе од солидна основа и засадивме дрвца за родова еднаквост за намалување на емисиите на стакленички гасови, нагласила министерката Тренчевска.

Таа изразила уверување дека Република Северна Македонија се согласува со изјавата на Европската Унија и најостро ја осудува воената агресија врз Украина, изразувајќи солидарност со украинскиот народ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе