Додека општините тонат во долгови и се соочуваат со енормните покачувања на енергенсите партиите на власт во локалните самоуправи си префрлаат меѓусебни обвинувања преку медиумите и јавните настапи. ВМРО-ДПМНЕ своите градоначалници викендов ги обучува за социјални медиуми, а за финасиските проблеми зборува и критикува партискиот лидер. Проектите ќе се спроведат, но се соочувале со олигарси од минатите мандати, вели Мицкоски.
Градоначалниците на Град Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров годинава ќе потрошат скоро еден милион евра за вдомување на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија од владечката партија.
Доаѓаат како голтари – си заминуваат милионери, обвини Мицкоски без да посочи имиња на кои политичари мисли коментирајќи го пакетот антикризни економски мерки во висина од 400.000 милиони евра кој што доби глас во Собранието и од опозицијата.
Гласен е Мицкоски во барањето предвремени парламентарни избори, но воздржан е на прашањето дали се потребни улични протести. Опозицијата ќе делува во институциите и ќе се следи геополитичката криза, затоа што тој имал информации дека се подготвуваат герила акции кои можат да ги компромитираат и загрозат партиски и граѓанските активиности.
Павле Беловски
