Вести Најважни Свет

Украинската и руската армија гради в гради на улиците во Мариупол

Жестоки улични борби се водат меѓу украинската и руската армија во Мариупол, јавуваат украинските власти. Мариупол веповеќе од две недели е под опсада на руската војска, а сателитските снимки покажуваат дека во бомбардирањата дури 80 проценти од градот е разрушен. Голем број од жителите на Мариупол, кои пред војната бореа околу 400.000, сѐ уште се заглавени во градот.

Погледнете го градот, ова е само еден дел од градот што е уништен од непријателската авијација, авијацијата на Русија. Ни ветивте дека ќе дојде помош, дајте ни ја таа помош, порача полицаецот Микаил Вершини од Мариупол.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави денеска дека борбите во градот ги попречуваат напорите за извлекување на неколку стотици луѓе кои сѐ уште се заглавени во засолништето под урнатините на театарот. Вели дека украинските сили прават се што можат за да го задржат непријателот, кој е далеку поброен.

Советникот на Зеленски, Олексеј Арестович изјави дека покрај во Мариупол, Миколаев, Херсон и Изум, каде руската армија е во офанзива.

Додека се водат копнени битки во источна Украина, на западот од земјата продолжува бомбардирањето на руските сили. Русокото Министерство за одбрана се пофали дека за прв пат во воени услови била употребен новиот хиперсоничен ракетен систем Кинжал.

На 18 март, воздухопловниот ракетен систем Кинжал со суперсонични балистички ракети уништи подземно складиште за ракети на украинските сили во населбата Делијатин во Ивано-Франкивскиот регион, изјави портпаролто на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.

Украинскиот претседател пак, продолжува да тврди дека руската армија претрпува тешки загуби во Украина и да ги повикува на преговори.

Сакам сите да ме слушнат, особено во Москва, дојде времето да се сретнеме, да разговараме. Дојде времето да се обнови територијалниот интегритет и правдата во украина. Инаку, руските загуби ќе бидат толку високи што ќе ви требаат неколку генерации за да се кренете, порача Зеленски.

Владимир Путин, од другата страна, во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, ги обвини Украинците дека ги одолговлекуваат преговорите со нереални барања.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе