Меѓусебни обвинувања, политички напади и остар тон во изјавите на сегашниот и поранешниот премиер на Бугарија. Борисов си ја поврати слободата откако со часови му беше ускратена заради истрага на европските органи на прогонот, и обвини за враќањето на прогоните од периодот на коомунизмот.
Петков, пак, изутринава не штедеше зборови да го нападне државното обвинителство и првиот човек, а се сомнева и во намерни пропусти во корист на Борисов. Се ускратуваат законските овластувања на истражните органи и се попречува активноста на секој што се обидува да работи против корупцијата кај нас. Во Бугарија нема независно обвинителство. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога станува збор за лица обвинети за корупција. Ова го изјави премиерот Кирил Петков на вонреден брифинг во Советот на министри, пренесува бугарската национална телевизија.
Информациите добиени од изнудено лице се прикриваат и игнорираат, само за да не се спроведе истрага по закон, информации кои се добро познати и веќе се достапни на Европското јавно обвинителство. Одново сме исправени пред апсолутна саботажа на јавното обвинителство на република Бугарија под раководство на господинот Гешев, кажал Петков.
Доцна синоќа, лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, беше ослободен откако му истече 24-часовниот притвор, по што им се обрати на партиските поддржувачи. Видно нервозен однесувањете на владата на премиерот Кирил Петков, го оцени како враќање на комунизмот во Бугарија.
Актуелниот министер за финансии, Асен Василев, изјави дека властите работеле врз основа на информација од бугарскиот бизнисмен во азил, Васил Божков, чиј лукративен бизнис со лотарија бил национализиран 2020-тата година. Врз основа на неговите информации, финансиските инспектори собрале докази за неверојатни 280 милиони долари кои наводно не завршиле во државниот буџет, за што се одговорни Борисов и поранешниот министер за финансии.
Но, и по укажувањата за сериозна истрага од европските обвинители под раководство на Лаура Ковеси, државното обвинителство во Бугарија синоќа соопшти дека не постојат цврсти елементи за задржување во притвор на Борисов, на што, пак денеска реагираше миниситерот за внатрешни работи кои на медиумите им ги предочи документите кои се дел од истрагата.
Покрај Борисов, пуштени од притвор се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината портпаролка Севдалина Арнаудова – тројцата се осомничени за злоупотреби во користењето на европските фондови и средства. Случајот е во надлежност на европското обвинителство. Апсењето на експремиерот и на двајца негови соработници предизвика протести пред владата во Софија.
Павле Беловски
