Фабриката за хартија Пејпер Мил да престане со работа се додека не ги исполни европските еколошки стандарди, ова е едно од барањата на кочанските еко активисти. Тврдењата ги поткрепуваат со записници од државниот инспекторат, кој во неколку наварти има констатирано прекумерно загадување на воздухот.
Првиот човек на кочански „Пејпар мил“ стои на ставот дека работат согласно дозволата. Посочи дека поставиле филтер на оџакот и користат сертифицирани сончогледови пелети како гориво. Според раководството на фабриката не е прифатливо барањето на еко активистите да користат метан.
Јас не можам да разберам од каде доаѓа тоа барање што е апсолутно нелогично. Прво во Кочани нема метан. Имаме меморандум потпишан лани со Владата дека по две години од потпишувањето ќе има гас во Кочани. Кога ќе има гас можеме да зборуваме. Но во оваа фаза нема гас“, вели Јулијан Даскалов, директор на Пејпер Мил.
Граѓанските активисти во неколку наврати посочија дека освен што се загадува воздухот, фабриката ги загадува и водата и почвата, бидејќи се уште не е инсталирана Пречистителната станица за отпадни води, а според дозволата требаше да се стави во функција во 2019 година. Даскалов со одговор дека изградбата на станицата е завршена и сега се поставува електронскиот систем за контрола на процесот, побараа и јавна дебата, а се уште чекаат и одговор од кочанското обвинителство по пријавата која ја доставија против оваа фабрика.
Викторија Димитрова Јованова
