Вести Македонија Топ вести

Путин на одбележувањето на анексијата на Крим: Не сме биле вака обединети долго време

Руската национална телевизија прикажа бројни масовни прослави денес на осумгодишнината од анексијата на Крим од Украина.

Илјадници граѓани излегоа на улиците на повеќе градови, од престолнината Москва, до Петропавловск-Камчатски.

Колони автомобили минуваа низ улиците на градовите, со развиорени руски знамиња, во повеќе објекти настапуваа културно уметнички друштва кои потекнуваат или се поврзани со полуостровот Крим а граѓаните ги формираа и буквите „Z“ и „V“, кои станаа симболи на руската инвазија на Украина, или како што тоа го нарекува официјална Москва, специјалната воена интервенција. Свои настапи имаа и воените хорови на руската армија.

Централниот патриотски настан се одржа на исполнетиот стадион Лужники во Москва, каде пред повеќе десетици илјади луѓе, говор одржа рускиот Претседател, Владимир Путин.

Не сме биле вака обединети долго време, им порача на своите верни подржувачи шефот на руската држава, додавајќи дека воената операција во Украина против украинските нео-нацисти и ултра националисти се одвива според планот.

Тој им оддаде почит и на руските војници кои, според него, херојски се борат против непријателот. За илустрација на нивната пожртвуваност, тој се повика и на цитат од библијата.

„Знаете, сега се сеќавам на зборови од Светото писмо: „нема поголема љубов од оваа, да ја положите душата  своја за своите пријатели“. Најдобра потврда за тоа е да погледнете како војуваат и дејствуваат нашите момци во оваа воена операција. Рамо до рамо, си помагаат и се поддржуваат еден со друг. Ако е потребно, како својот роден брат, со сопственото тело ги штитат другарите од куршумите на военото поле“ – изјави Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Скопјани до Нова Година треба да го дочекаат и крајот на булеварот Борис Трајковски до Драчево, како и проектот клучка Момин Поток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе