Вести Македонија Топ вести

Завршни зборови на Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“

Завршни зборови на одбраната во процесот за „Меѓународен сојуз“. Обвинетиот Бојан Јовановски ја искористи можноста и во своја одбрана, на крајот од процесот, пред судот кажа дека е горд што бил претседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“, но и дека поранешниот премиер Зоран Заев бил информиран за проектот.

Во оваа судница беа споменувани суми од 700.000 и 200.000 илјади евра, но не видовме докази за тие цифри освен што се споменуваа, а звучат оцрнувачки, особено за креирање на лошата слика за мене. Ако Господ ми даде здравје ќе го изградам тој дом за стари лица. Имам цврста намера во Битолскиот регион, порача Јовановски.

Првото рочиште за овој предмет се одржа на 1 јули 2020 година. Судењето за случајот го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на денешното рочиште на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.

Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе