Вести Македонија Топ вести

Боки – 13 : „Обвинителството со свои камења си удри по сопственото обвинение – и наместо докази ме гонеше со шпекулации“

И од затвор доаѓам во скапа гаредорба и тоа не е предмет за кој треба да бидам кривично гонет. Не сум измамил никого туку понудив проекти за згрижување стари лица на бизнисимени кои и по се веруваат дека ќе се реалзирааат. Ова се сам одел од завршните зборови на обвинетиот Боки 13 обвинет за измама и перење пари пред судечкито совет кој го ислуша како последен и на сите обвиенте  им закажа пресуда на 7 април.

Во свечена облека, разборит и за разлика од минатото рочиште кога одби денеска подготвен три часа да говори во своја одбрана од обвинението за измама и перење во предметот „Меѓународен сојуз“. Бојан Јовановски на денешните завршни зборови се обиде на судот да му објасни дека целиот живот работел и си купуваа скапа гардероба. Не измамил никого за да заработи, а обвинението против него не е докажано со докази.

Јовановски е горд на организацијата „Меѓународен сојуз“ посочи дека имал политичка поддршка, бил запознаен тогашниот премиер Зоран Заев но не добивал владини финансии. И по две години во судница вели дека не му е јасно како искусни бизнисмени и истакнати политичари биле измамени од него.

И градежните фирми „Пелистер“ и „Дрим билдинг“ си бараат 700 односно, 230 илјади евра Боки – 13 да им ги врати кои му ги дале да гради домови за стари лица. Според обвинението парите на битолчанецот Силјан Мицевски леганле на приванта сметка кај пензионерка, а ги презел Јовановски. Парите ги немаше како докази на рочиштето, но затоа обвинителката парче по парче гардеорба ги презентираше преку слики до заплената. Во предметот, Бојан Јовановски – Боки 13 е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Јасна Мандиќ и асистенката Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во овие дела, а Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама. На 7 април пресудата ќе ја чуе и неговиот татко  Миле Јовановски исто обвинет за помагање во перењето пари во предметот кој според зборовите на обвинителот од хуманитарен проект се претворил во измама за лично богатење на Јовановски.

https://youtu.be/h_InoaVXMSU

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе