Вести Македонија

Ивановскa: Веднаш да престане продажбата на државно земјиште

Најголем проблем е како се прават Деталните урбанистички планови, бидејќи тиер го отсликуваат јавниот интерес кој што општината треба да го спроведе во својот дел.

Која е целта на државата, да го испродаде цело државно земјиште, дали е тоа целта, и тоа по багателна цена? Ако државата треба да го обезбеди јавниот интерес на граѓаните, не може тоа да го направи преку приватно земјиште. тоа е едното прашање, второ, извор на корупција е законот за дивоградби, односно за давање на правен статус на бесправно изградените. Од самото име се гледа каков вид на закон е тоа, значи тој закон треба да се укине под итно, тврди Ивановска.

Ивановски тврди дека доколку државата сакала да им помогне на сиромашните граѓани тоа можела да го направи, но носењето на овој закон во најголем дел го чекаат некои крупни бизнисмени кои сакаат да си ги легализираат своите дивоградби.

Решението дека со 30 посто, 70 посто да се докупи за да се дооформи парцела е исто така извор на корупција. Земјиштето кај Холидеј ин така беше продадено. И тоа не само тоа пшарче, испадна дека има многу, многу земјиште така продадено, открива Ивановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе