Во прилепскиот Основен суд почна судењето на Иван Јованоски, модератор на прилепскиот огранок на Левица, којшто е обвинет за нарушување на јавен ред и мир и за навреда на Зоран Заев.
Станува збор за случајот од празникот 11 Октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание и положување на венци во чест на прилепските востаници протов фашизмот на Могилата на непобедените Јованоски вербално, со мавредливи зборови го омаловажувал тогашниот премиер Зоран Заев. Прекршочната постапка е отворена од полицијата во Прилеп.
-За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон, изјави Јованоски по завршеното рочиште за Инфокомпас.
Јованоски вели дека не се кае и на следното рочиште закажано за 15-ти мај тврди дека ги поканил како сведоци екс премиерот Зоран Заев и полицаецот кој ја пишал прекршочната пријава.
Група припадници на Левица, на празникот 11-ти Октомври беа наредени пред Могилата поради што државните делегации мораа да ги обиколуваат. Јованоски му зборуваше на Заев дека не треба да оди таму и им се испо….л на борците, по што Заев му врати да си оди на психијатар.
Јованоски е и советник во општина Прилеп.
ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за политички систем 30 000 евра троши на луксузи
