Вести Македонија

Една година после злосторство врз природата, газда на струшки ресторан покрај Охридското Езеро и тројца багеристи обвинети за уништен езерски брег со трски

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против четири лица за узурпација на недвижност и загадување на животната средина и природата.

Првообвинетиот, на 03.03.2021 година, зазел туѓа недвижност која со член 16 од Законот за сопственост и други стварни права е прогласена за добро во општа употреба, а со членовите 1 и 2 од Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е прогласена за природна реткост како споменик на природата.

Тој ги ангажирал тројцата останати обвинети да извршат насипување со земја и рамнење на насипаната земја на површина од 829 метри квадратни, на парцела која е дел од Охридското Езеро и се наоѓа во непосредна близина на угостителски објект и на парцела во сопственост на првообвинетиот.

Тројцата работници биле несвесни за можноста за настапување на штетната последица, но според своите лични својства биле должни и требало да бидат свесни за таа можност, бидејќи работеле како работници на работни машини во непосредна близина на водите на езерото.

На овој начин сите четворица обвинети можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, опасност за животот и здравјето на луѓето или уништување на растителен и животински свет од поголеми размери.

Првообвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Узурпација на недвижност од член 225 став 1 и кривично дело – Загадување на животната средина и природата од член 218 став 1 и двете во врска со член 44 од Кривичниот законик. Останатите тројца се обвинети за кривично дело – Загадување на животната средина и природата од член 218 став 1 во врска со став 4 од Кривичниот законик.​​

Додека за узурпација на недвижности е можна и парична казна за газдата на ресторанот, за делото Загадување на животната средина и природата е предвидена затворска казна од 4 до 10 години затвор.

Полицијата кога на 2о-ти мај лани извести за случајот објави дека станува збор за двајца браќа од струшко Велешта.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.К.(42) и В.К.(40), двајцата од струшкото село Велешта. Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 03.03.2021 ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни  државно земјиште, а со  насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет, соопшти МВР.

Една година по злосторството врз природата, обвинителниот акт е поднесен, а СВР Охрид повторно регистрира друг еколошки злостор- на потегот од Струга кон Калиште на приватен имот била запалена трска која го одржува биодиверзитетот на Охридското Езеро.

Пожарот зафатил околу 600 квадратни метри, а интервенирале и пожарникарите.

Над 80 диви депонии има во Куманово, надлежните тешко се справуваат со проблемот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе