Вести Македонија

70-тина средношколци од Конче две недели не следат настава – немаат превоз до нивното училиште

Две недели не се на настава седумдесетина средношколци од радовишката општина Конче бидејќи нема превоз до нивното средно училиште во Радовиш. Проблемот со превозот на учениците се уште не е решен.

Општината и гимназијата велат дека од нив се завршени сите процедури, но, превозниците не се согласувале со цените, поради покачувањето на цените на горивата.

Иако во меѓувреме општината понудила повисоки цени, сепак немало заинтересирани превозници.

Од Сојузот на средношколци велат дека недозволиво е средношколците да се без настава толкав период и бараат итно решавање на проблемот.

Велат дека се на праг на тромесечие и важно е учениците да се на настава.

Проблем со превозот на учениците се јавил и лани во ноември.

Првично проблем беше што превозникот останал без лиценца, обврска што требало да ја заврши претходниот општински состав.

Сега, оваа пречка е надмината, но на превозниците им било неисплатливо да возат по тие цени.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе