Вести Свет

Уредникчка на телевизијата на Путин упадна во емисија: „Русите ги претворивме во зомби“

Жена која држеше антивоен транспарент синоќа влета на сет во вестите на државниот Канал 1. Зад водителката стоеше жената со натпис „Стоп за војната, не верувај во пропагандата, тие ги лажат ти си овде.”

Жената се вика Марина Овсјаникова, уредничка на каналот. Вестите на руската телевизија се строго контролирани од Кремљ и ја одразуваат само руската верзија на настаните во Украина, пишува Би-Би-Си. Се верува дека Овсјаникова завршила во полиција.

За време на емитувањето се слушаше нејзиниот глас како вели: „Стоп за војната!“

 

„Се срамам што дозволив Русите да се претворат во зомби“

Пред протестот, кој се одржуваше во живо на вечерна информативна програма, таа сними видео во кое настаните во Украина ги нарече „злосторство“ и рече дека се срами да работи за, како што рече, пропаганда на Кремљ.

„Се срамам што си дозволив да кажувам лаги на телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да се претворат во зомби“, објасни таа.

Таа го повика рускиот народ да протестира против војната, велејќи дека само тие можат „да го запрат ова лудило“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе