Вести Свет

Ројтерс: Бајден би можел да дојде во Брисел следната недела, а можеби и во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден следната недела треба да отпатува во Брисел на средба со лидерите на НАТО на која ќе се разговара за војната во Украина, објави Ројтерс, повикувајќи се на американски извори.

Бајден треба да се сретне со другите лидери на НАТО во Брисел на 23 март, соопштија три извори. Тие предупредија дека планот може да се промени со оглед на брзиот развој на ситуацијата во Украина. Еден извор рече дека Бајден би можел да отпатува и во Полска, членка на НАТО, каде што постои голема загриженост по рускиот напад врз украинската база во близина на нејзината граница.

„Одлуката се уште не е конечна“

Членките на НАТО се загрижени дека ќе бидат вовлечени во воен конфликт со Русија. Бајден во неколку наврати изјави дека САД нема да испратат сили во Украина, туку ќе ја бранат „секој сантиметар“ од територијата на НАТО. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека САД се тесно поврзани со партнерите во НАТО и европските сојузници, но дека конечната одлука за патувањето на претседателот се уште не е донесена.

Откако на 24 февруари започна руската инвазија на Украина, најголемиот напад врз европска земја од Втората светска војна, САД и нивните сојузници координираа широки санкции против Москва и претседателот Владимир Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе